Извештај на „Реактор“ за родово-базирана дискриминација

Приказни на дискриминирани жени: „Не спиев со директорот и добив отказ“

Вчера Реактор – Истражување во акција го промовираше последното истражување на тема: „Родово-базирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија". „Според споделените искуства на онлајн истражувањето на интервју за работа, за жал вообичаени се прашањата: „Дали сте мажена?"„Дали имате деца?" или „Дали во блиска иднина планирате да раѓате?" со што жените се доведени во ситуација на принуден „избор" работа или семејство, а за жал не ретко „изборот" го прави само работодавачот."

Извештајот ја истражува родово-базираната дискриминација и работничките права во државава како дел од регионалната иницијатива за осврт врз родово-базирана дискриминација во шест земји од Западен Балкан, поддржана од Европската Унија (ЕУ) и кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.

На панел дискусијата по повод оваа промоција, Васка Лешоска од Реактор – Истражување во акција презентираше дел од официјалната статистика за пазарот на труд која упатува дека разликата во вработеноста меѓу мажите и жените на работоспособна возраст изнесува 19 процентни поени и е речиси двојно поголема од европскиот просек, а речиси половина од жените на работоспособна возраст според официјалната статистика се водат како економски неактивни, односно се исклучени од пазарот на платен труд.

Овие родови јазови, кои се перзистентно високи со декади наназад, се индиција за структурната родово базирана дискриминација која укажува дека жените и мажите немаат еднакви можности за пристап до платено вработување.

„Според споделените искуства на онлајн истражувањето на интервју за работа, за жал вообичаени се прашањата: „Дали сте мажена?"„Дали имате деца?" или „Дали во блиска иднина планирате да раѓате?" со што жените се доведени во ситуација на принуден „избор" работа или семејство, а за жал не ретко „изборот" го прави само работодавачот“. додаде Лешоска.

„Поради бременост останав без работа, иако во компанијата работев 3 години. Па во четврти месец им соопштив дека сум бремена, и за една недела останав без работа" раскажува 24 годишна жена, опфатена со истражувањето.

Овие примери не се ретки приказни, и се реалност за голем број на жени во нашата држава. Освен дискриминација по основ на мајчинство и бременост, жените се соочуваат со сексуално вознемирување на работното место како најфлагрантен облик на родово базирана дискриминација.

„Откако одлучив да не спијам со директорот, бев избркана од работа после три недели" се вели во сведоштвото на 28 годишна жена, опфатена со истражувањето.

Она што загрижува е наодот дека малку од случаите се пријавени до надлежните институции, односно 87% од испитаниците, не контактирале ниту една институција за да пријават родово базирана дискриминација.

На панелот свое обраќање имаа и, Светлана Цветковска, Министерство за труд и социјална политика; Кире Василев, Комисија за спречување и заштита од дискриминација; и Драгиња Аврамчевска, Државен инспекторат за труд; кои ги споделија институционалните заложби и механизми за заштита од родово базираната дискриминација, како и Кристина Ампева, Гласен Текстилец и Ина Џугуманова, Хелсиншки Комитет за човекови права, кои ги споделија искуствата од терен и напорите на граѓанските организации во борбата против родово-базираната дискриминација.

Заклучоците од панел дискусиите упатуваат на потреба од системско и мултисекторско постапување, како и потреба за востановување на институционални пракси за спречување и заштита од родово-базирана дискриминација во работните односи. Имајќи предвид дека нееднаквиот пристап до платена работа е рефлексија на нееднаквата распределба на обврските за грижа, се препорачува што поскоро усвојување на нов Закон за работните односи кој ќе ја препознае раната грижа за децата како споделено право и обврска и на мажите и на жените, овозможувајќи платено родителско и непреносливо татковско отуство, како и целосна заштита на бремените работнички со договори на определено време.

Податоците од обете истражувања, во 2018, односно 2021 година укажуваат дека родово-базираната дискриминација и повредите на правата од работен однос се сè уште присутни, но често не се пријавуваат или недоволно се пријавуваат до надлежните институции и механизми.

Методата на земање одбирок во истражувањето нè ограничува од генерализирање на родово-базираните разлики, но анализата на анонимните искуства споделени во онлајн истражувањето покажува дека сексизмот и родовите стереотипи како да ја потхрануваат родово-базираната дискриминација со која се соочуваат жените при вработувањето, унапредувањето, и општо земено на работното место.

Повеќето жени пријавиле дека при интервјуата за вработување искусиле прашања што би можеле да имплицираат дискриминација, повеќето поврзани со брачниот и родителскиот статус или со идните планови за засновање семејство. Бременоста и натаму е ризичен момент во кариерата, а жените често се принудени да избираат меѓу платеното вработување или грижата за децата.

Родово-базирана дискриминација и работнички права во државава жени – работници кои побарале бесплатна правна помош од ГОИ, споделувајќи ги своите искуства со дискриминација во однос на кршењето на нивните работнички права поврзани со бременост (односно прекин на договорот за работа додека се на боледување за ризична бременост) или родителство (на пример, платени под минималната плата бидејќи ја користеле владината мерка да бидат ослободени од работа како родител на дете на возраст под десет години).

Дополнително на дискриминацијата поврзана со стереотипите за мајчинството и одговорностите за грижа за други, вработените жени се често изложени на сексуално вознемирување на работното место. Сторителите се често мажи на повисоки позиции, што имплицира дека нерамнотежата на моќ е инхерентна на сексуалното вознемирување на работното место. Иако не е толку вообичаено, и мажите може да се сретнат со дискриминација како последица на родовите предрасуди за прифатливите работни места за мажи и за претпоставената физичка сила на мажите. Кога мажите сметале дека биле изложени на дискриминација бидејќи жените биле унапредени, или им бил даден „привилегиран" третман, сугерирана била сексуална објектификација или сексуално вознемирување на колешката.

Кризата предизвикана од пандемијата со ковид-19 значително се одрази на работниците кои се соочија со губење работни места, намалени плати и затворање на објектите каде работеле. Постојат значителни докази за кршење на правата на работниците.

Затворањето на училиштата и градинките, придружено со „новата" стварност на работа од дома, доведе до предизвик да се балансира личниот и професионалниот живот; работниците, а особено жените, се соочија со стресот да ги жонглираат одговорностите за грижа, од една страна, со работните распореди од друга страна, а исто така се соочија и со тешкотии поврзани со работењето од дома. Во однос на секторот каде е базиран работниот однос, родово-базираната дискриминација е поприсутна во приватниот сектор. Не постојат доволно информации во однос на родово-базираната дискриминација поврзана со работата, кај лицата со попречености, малцинските етнички групи и лицата со различни родови идентитети и сексуални ориентации. Квалитативната анализа на искуствата на испитаниците со родово-базираната дискриминација сугерира недоволно знаење во однос на она што претставува родово-базирана дискриминација и ова може да се одрази на стапката на пријавените искуства.

Во првиот бран истражување партнерите објавија шест истражувачки извештаи за земјите од Западен Балкан и еден регионален извештај за родово-базираната дискриминација на работното место, како дел од првото сеопфатно истражување од ваков вид. Потфатот постави основа за согледување на правната рамка, јавната свест и ставовите како и институционалното искуство за третирање на родово базираната дискриминација. Истражувањето информираше неколку предложени правни реформи во Западен Балкан и интервенции на Акцијата.

Врз основа на ова и други истражувања, граѓанските организации во регионот поднесоа конкретни препораки за најмалку 16 закони и политики, вклучувајќи препораки за измена на Законите за работни односи низ Западен Балкан, врз основа на директивите на ЕУ, особено правото на ЕУ за родова еднаквост.

Воедно, конференцијата го означи и крајот на овој 4-годишен проект, но нашите напори за унапредување на работничките права на жените и справувањето со родово-базираната дискриминација не застануваат тука.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе