Во својот демант до ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите Наумоски ја приложи, како што вели, пријавата со промена на имотната состојба доставена до Антикорупциската комисија (ДКСК).
„Во оваа прилика би сакал да пријавам до ДПМНЕ дека во наше Ѓорче за 4 години се направија инвестиции како за 20 години. За четири години во Ѓорче се изградија над 110 улици во должина од 40 километри, поставен е водовод 5 километри, фекалнa 40 километри, паркинг 7.700 м2. Нова градинка во Волково, доградба на Детелинка со три занимални, поставено е ново модерно лед смарт осветлување , го вративме старото Корзо, изграден е кружен тек во Волково, 'Јоаким Крчоски' после 60 години доби нова спортска сала, правно е решен проблемот со административно-деловната зграда во паркот, изградивме и реконструиравме детски игралишта, поставивме гумени подлоги на спортските игралишта континуирана поддршка за сите спортисти, спортски клубови, уметници, социјални случаи, еднократна парична помош за секое новороденче... Доградба на две училишта. И многу други проекти.
Постојните проекти со кои сега се фалите се оставени со решена целосна проектна документација и обезбедени грантови. Како, фекалната канализација со пречистителна станица во Орман. Фасадите, крововите и реконструкција на тоалетите во училиштата. Партерното уредување на Крстот во Кучково и сите други општински проекти без тие кои ги прави Град Скопје.
Ѓорчепетровци очекуваат повеќе. Ваков дефокус и ширење лаги за ситна политичка добит е само доказ за криење на неспособност“, вели функционерот и поранешен градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.