БЕГАЛСКА КРИЗА

Прифатните центри во Македонија се полнат со бегалци-повратници

Воведувањето построги мерки на контрола за бегалците, квотите за азил и транзит во одделни земји од балканскиот коридор ги покажуваат првите „резултати" - прифатните центри во Македонија се полнат со бегалци-повратници, пропусната моќ на границата со Грција се намалува правопропорционално со случувањата на словенечката и хрватската граница, кампот кај Сехово (Идомени) почнува да се преполнува, трпението на бегалците и мигрантите испарува.

Во Табановце има 700 бегалци од Авганистан што се вратени од хрватската граница. Според некои информации, 300 други Авганистанци се на пат кон Табановце. Од Словенија доаѓаат информации дека согласно со договорените квоти, почнале да се враќаат и бегалците од Сирија. Дел од нив веќе се во Табановце.

На јужната граница повеќе од 4.000 бегалци и мигранти се во кампот Сехово (Идомени) на грчка територија. Железничкиот сообраќај повторно е во прекин. Дел бегалци вчера се обидоа насилно да влезат во Македонија за да го продолжат патот кон посакуваната Европска Унија.
Македонија соодветно на договорот со земјите од балканската рута (Србија, Хрватска, Словенија и Австрија) ќе пушта онолку бегалци колку што ќе се пуштаат на другите граници. Австрија веќе соопшти дека годинава ќе прими 37.500 баратели на азил, што значи 80 дневно. Или транзит 3.200 дневно, сѐ додека и Германија и другите европски земји не воведат квоти. Македонија, Србија, Хрватска и Словенија се изјаснија дека се само транзитни земји.

Ова значи дека и Македонија ќе ги почитува овие одлуки и според бројките на пропуштање на бегалците на австриската, словенечката и хрватската граница, соодветно ќе се пуштаат и од Гевгелија на балканската рута за Европа.

Овие бројки се разбира дека се премали во однос на она што се очекува да се случува пролетва. Можната концентрација на илјадници бегалци на грчката граница, доколку не се стори ништо посериозно во Турција и по грчките острови, неминовно ќе доведе до постојани инциденти на жичената ограда меѓу Македонија и Грција и до отворање нови коридори кон Бугарија и Албанија.

Министрите за внатрешни и надворешни работи на земјите од таканаречената „балканска мигрантска рута“ и Австрија ќе се состанат утре во Виена за да ги координираат своите сè построги контроли на границите. Австрија ја свика средбата за да ги усогласи политиките кон мигрантите по должината на балканската рута, откако во петокот воведе дневни квоти на своите граници, изјавија извори од австриското министерство за внатрешни работи за агенцијата ДПА.

Средбата ќе се одржи ден пред состанокот на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на Европската Унија во Брисел. Австрија на средбата во Виена ги покани министрите од Албанија, БиХ, Бугарија, Косово, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Балканските земји без меѓусебен договор, реагираат така што привремено ги затвораат граничните премини и ги префрлаат лицата што се сметаат за бегалци според австриските квоти.

Европската комисија, како и германските и грчките политичари, изразија загриженост дека бегалците би можело да бидат заглавени во Грција, како и дека во Германија би можело да бидат испратени премногу луѓе.

А.Д.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе