Истакнати личности до бугарскиот патријарх Неофит

Прифатете ја подадената рака од МПЦ

Истакнати личности, научници, новинари и потомци на познати семејства од Македонија ја повикуваат Бугарската православна црква да ја прифати подадената рака од Македонската православна црква-Охридска архиепископија и да се прогласи за нејзина Црква-мајка. 

Писмото, како што објави агенцијата БГНЕС, е адресирано до бугарскиот патријарх Неофит и до Светиот синод на БПЦ, а во наредните денови ќе иницираат и собирање потписи на државно ниво, со кои што БПЦ ќе добие опоштествена поддршка во деликатниот процес со прогласувањето на МПЦ за нејзина Црква-ќерка и признавање на нејзината автокефалност.

„Писмото од Светиот синод на МПЦ од 9 ноември со кое се изразува готовност Бугарската патријаршија да биде признаена како нејзина Мајка-црква предизвика многу позитивни реакции во нашето општество. Големото очекување од БПЦ е дали ќе ја проифати подадената рака од Македонската архиепископија? Знаеме дека проблемот со признавање на автокефалноста на МПЦ не е воопшто лесен за решавање, инаку таа не би била во изолација веќе 50 години. Но, истовремено сме на чисто дека БПЦ има и историски и канонски основи да им помогне на нашите крвни и духовни браќа во Република Македонија за да може нивната црква да го добие своето полноправно место во семејството на православните цркви“, пишува во писмото.

Во него се додава дека БПЦ има потенцијал и достоинство прва да ја признае канонската самостојност на МПЦ и нејзиното егзархиско наследство.  

„Има македонска држава, има и ќе има и Македонска православна црква. Убедени сме дека ако БПЦ ја прифати подадената рака од МПЦ, ќе ја исполни својата историска мисија на стара и мудра црква којашто секогаш се водела од грижата за своите верници.

Немаме илузии дека прифаќањето на таа подадена рака ќе предизвика спротивставени ставови во, и онака преотивречниот православен свет. Сметаме дека најавата (засега неофицијална) од Светиот синод за консултации со останатите помесни цркви и дава можност на БПЦ да се појави како Мајка-црква на МПЦ. Истовремено, во оваа идеја се крие опасноста признавањето на македонската автокефалност да се одложи за уште неколку години и воопшто да не доведе до позитивен резултат“, пишува во писмото во кое се бара на тие консултации да им претходат разговори со Светиот синод на МПЦ.

На писмото, меѓу другите, се потпишани Стефан Воденичаров, поранешен претседател на БАН, Рајна Дрангова, почесна претседателка на ВМРО и ќерка на Кирил Дрангов, еден од последните дејци на ВМРО, Љубчо Нешков, сопственик на агенцијата БГНЕС, Елисавета Шапкарева, правнука на Кузман Шапкарев, Олга Прличева, правнука на Григор Прличев и многу други. 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе