Кривичниот совет му даде зелено светло на СЈО за уште еден предмет

Прифатено обвинението за „ТНТ“, на Груевски и Јанакиески ќе им се суди и за уривањето на „Космос“

Кривичниот суд го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „ТНТ", во кој обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. На Груевски и Јанакиески им се суди за нарачаните шамари во Општина Центар, а по оваа одлука на Кривичниот совет тие ќе седнат на обвинителна клупа и за уривањето на комплексот „Космос“.  

Од СЈО потврдуваат дека добиле известување од судот дека Советот за оценка на обвинителниот акт потврдил дека предметот ќе влезе во судница.

Судот сега треба да одреди судија што ќе го води предметот, кој треба да закаже датум за почеток на судењето.

Случајот „ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски, а во него, покрај Груевски, Јанакиески и Трајковски, обвинети се уште четири лица.

Инаку, обвинението за предметот „ТНТ“ беше распределено за оценување кај судијката и поранешна в.д. претседателка на Кривичниот суд Скопје, Татјана Михајлова која го суди и предметот за шамарите во Општина Центар во кој исто така обвинети се Груевски и Јанакиески. 

Апелацискиот суд Скопје на почетокот на месецов одлучи прислушуваните разговори да се користат како доказ во судската постапка за случајот „ТНТ“. 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе