Прибе: Независни политичари услов за владеење на правото

Сите земји од Западен Балкан се соочуваат со стандардите за владеењето на правото. Понекогаш се потребни промени во законодавството, а за тоа треба независни политичари кои ќе направат соодветни реформи, рече правниот експерт од Европската комисија Рајнхард Прибе денеска говорејќи на меѓународната научна конференција „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите".

Според Прибе, услов за владеење на правото во земјава се независни политичари, кои треба да имаат волја за да го имплементираат.

На таков начин правниот систем ќе може да воспостави независност. Без демократско управување, не може да постои ниту владеењето на правото, вели Прибе.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека владеењето на правото е воздух без кој не се може во едно општество.

-Владеењето на правото е едно од фундаменталните принципи за започнување на преговорите со Европската Унија, за прогрес на патот кон Унијата, нешто што е многу важно за развојот на државата и општеството внатре, истакна Османи.

Денешната конференција, како што рече тој, е можност за Прибе, кој во 2015 и 2016 година ги даде првите извештаи и препораки за владеење на правото, да се направи рекапитулација, односно едно последно тестирање пред големата октомвриска одлука на ЕУ.

Убеден сум и можам да најавам дека октомври ќе биде историски месец за Република Северна Македонија, бидејќи сосема заслужено ќе добие датум за започнување преговори со ЕУ, рече Османи.

Според него, моментот е неповторлив, a разликите околу законот за јавно обвинителство не се непремостливи.

Политичките лидери ги знаат очекувањата на граѓаните, ќе одговараат соодветно и ќе ги надминат своите почетни позиции за да се најде конечно решение, рече Османи.

Според него, со политичка волја може да се дојде до решение за законот за обвинителство.

Како Влада имаме усогласен став по законот за јавно обвинителство и заедно го донесовме законот на владина седница. Во законот се инкорпорирани и ставовите на ДУИ, рече Османи.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе