Презентирана студијата за развој на ски-центар Попова Шапка, за новинарите вратата затворена

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска присуствуваа на презентацијата на Физибилити студијата за ски-центарот Попова Шапка од страна на консултантската компанија Прајс Ватерхаус Куперс (ПВК). Со оваа Физибилити студија ќе започне постапка на одлучување за тоа како во иднина ќе се развива овој ски-центар.

Презентацијата, како што објави „Порталб.мк” се одржала без присуство на новинари и со само двајца претставници на граѓанското општество. На новинарите не им било дозволено да влезат на презентацијата во хотелот „Славија“ на Попова Шапка оти „тоа било против правилата на компанијата ПВК“, како што кажал министерот за економија, Крешник Бектеши.

На ова реагирале претставниците на граѓанските здруженија.

„Студијата е сопственост на ЕЛЕМ и презентациите треба да бидат јавни. Да не се обвинуваме едни со други. Сакаме да ги внесеме новинарите да видат за што е студијата. Направени се многу студии, тука ја имам студијата од Екосинг, која е платена 233.000 евра, а која никој не ја видел. Беше презентирана во Ноли Конак во 2012 година. Има и студија од Бекон од 200.000 евра и денеска студијата од Светска Банка, а не можеме да видиме што се случува”, изјавил Хамди Сулејмани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

На презентацијата, освен министерот Бектеши, присуствувале и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Хисен Џемаили, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, двајца претставници на граѓанските здруженија и експертите.

Студијата е изработена од компанијата ПВК, а нарачана од „ЕЛЕМ Турс“. Барањето за реализација на ваква студија дојде од Владата, со цел да се донесе одлука и за судбината на Попова Шапка.

Физибилити студијата е студија за остварливост на концесија и јавно-приватно партнерство на филијалата „Попова Шапка“ – Тетово. Врз основа на студијата ќе се донесе и одлуката дали Попова Шапка ќе се даде под концесија или јавно-приватно партнерство.

Двете анализи треба да се прифатат од Владата, а потоа да се донесе одлука за судбината на Попова Шапка.

Од АД ЕСМ соопштија дека денешната презентација била од затворен карактер поради правилата на изготвувачот Прајс Ватерхаус Куперс  и наменета само за нарачателот ЕСМ и ЕЛЕМ Турс и за засегнатите органи, додека набрзо ќе се отвори и јавна дебата, а на крај Владата ќе одлучи откако ќе се добијат сите сугестии од засегнатите страни.

Трошоците за оваа физибилити студија изнесуваат осум милиони денари.

 

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе