Презентирана онлајн платформа на пет јазици за учење од дома (ВИДЕО)

Со час по информатика се презентираше првата Национална платформа за онлајн учење во оваа учебна година. Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека Националната платформа за онлајн учење ќе работи на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки.

„Пандемијата на ковид-19 ни покажа колку се важни и неопходни инвестициите во образованието. Горди сме што креиравме единствена национална платформа создадена од исклучиво домашни ресурси. Платформата е инклузивна, едноставна за користење и искрено верувам дека ќе ја засакаат и учениците и наставниците. Безрезервно ќе ги поддржам реформите во образованието кои ќе бидат врвен приоритет во наредните четири години“, рече Заев и ги повика родителите, наставниците и учениците активо да се вклучат во образовните процеси.

Царовска потенцира дека се обврзува за квалитетно образование на сите деца и млади. Платформата за учење од далечина интензивно се подготвува веќе неколку недели.

Министерката за образование, Мила Царовска верува дека оваа алатка ќе биде корисна за образовниот процес дури и по крајот на пандемијата.

„Целосно ги разбирам оние кои се загрижени како ќе ја поминеме училишната година. И самата сум родителка и тоа го чувствувам", рече Царовска.

Според неа, платформата ќе биде практична и лесна за користење од страна на наставниците и учениците. Има 1600 наставници кои се училишни обучувачи за користење на платформата и тие понатаму ќе ги обучат сите останати наставници во училиштата. 

„Ова е влог во иднината, алатка и во пандемија да го задржиме и унапредиме образовниот процес, а ќе биде добредојдена и по завршување на пандемијата. Пред нас е период кој нема да биде лесен, проблемите се големи и приспособувањето бара голема жртва од сите нас. Но, кризата го погоди целиот свет и мора да сме спремни и да го обезбедиме наставен процес и да го заштитиме здравјето на сите. Затоа избравме комбиниран модел. Верувам дека сите ќе ја совладаат употребата на платформата и ќе ја засакаат“, рече Царовска.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе