Преземени се заштитни мерки за граѓаните да го остварат своето гласачко право, оценува амбасадорката Брнз

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз изјави дека не може да се каже каков ќе биде одѕивот на гласачите на претстојните предвремени парламентарни избори во услови на пандемија, но се надева дека преземените заштитни мерки од страна на властите, како и донираната американска помош за обезбедување заштитни средства ќе ги охрабрат граѓаните да излезат и да го остварат своето гласачко право на денот на изборите.

„Ќе треба да видиме каков ќе биде одѕивот на гласачите. Како и сите други, охрабрени сме од мерките за заштита кои се преземени, од одличната комуникација која е преземена од страна на Владата да ги охрабри гласачите да излезат и да го остварат своето демократско право на глас и избор и да го направат тоа безбедно и во здрава средина. Се надеваме дека тоа ќе биде ситуацијата на денот на изборите за кои гласањето веќе почна денеска и ќе треба да почекаме и да видиме. Но, да повторам, горди сме што можевме да помогнеме преку обезбедување на оваа опрема и се надеваме дека таа ќе помогне граѓаните да имаат доверба во овие дополнителни мерки“, рече амбасадорката Брнз на новинарско прашање по доделувањето на донација за Државната изборна комисија која се состои од средства за дезинфекција и заштитни маски.

МИА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе