Министерство за транспорт појаснува

Превозникот „Беса Транс“ злоупотребил извод од лиценца од друго возило

Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај не се во сопственост на опожарениот автобус на превозникот „Беса Транс“, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски и појаснуваат дека тоа значи дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Како превозникот вршел влез и излез од земјата, од Министерството за транспорт и врски велат дека тие не се орган кој што има надлежност да контролира и дека овие информации треба да ги докажат меѓународните и домашните истражни органи.

За опожарениот автобус превозникот „Беса транс“ немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

„За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот ‘Беса Транс БТБ‘ за вршење на меѓународен превоз на патници. Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски, во соопштението најостро ги демантира шпекулациите што ги објавуваат одредени медиуми, и посочува дека веќе неколку пати информирале дека опожарениот автобус кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во електронската база на податоци на Министерството, а со тоа не побарал извод од лиценца за ова возило.

„Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, се вели дека превозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило. Поради тоа, веќе информиравме дека Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата на вршење на дејност на превозникот Беса Транс БТБ“, се додава во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе