Собрание

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека законите за ЈО и за Советот за јавни обвинители не се донесени (ВИДЕО)

Зaкoнот за Јавно обвинителство е донесен спротивно на Деловникот за работата на Собранието, вели професорот Александар Спасеновски и член на ВМРО-ДПМНЕ. И вториот, законот за Советот за јавни обвинители не е донесен затоа што не се почитуваше Бадентеровото мнозинство, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Првиот закон е донесен нeдeлoвнички, cпpoтивнo на зaкoнот и на Деловникот, вели Спасеновски.

„Гласањето на законот за Јавно обвинителство е констатирано како неуспешно, а прегласувањето е нелегално и спротивно на законот и деловникот“, констатира Александар Спасеновски, кој е коавтор на книгата „Парламентарно право“.

Според Спасеновски, претседателот на Собранието има право да повика на повторено гласање само доколку разликата во гласовите од потребниот број на гласови е помала или поголема од 5 гласови.

„Предлог законот за ЈО не беше изгласан бидејќи не го доби потребното мнозинство од 80 пратеници и немаше можност за повторено поименично гласање. Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање немаат никаква заснованост во Деловникот, односно истите се нелегални. Во точката 8 од главата V на Деловникот многу јасно е утврден начинот на гласање во Собранието. Претседателот на Собранието има право да повика да се гласа и да го констатира исходот од гласањето. Повторено гласање, при неизгласување на одредена точка, може да има единствено како поименично јавно изјаснување на пратениците во случај на разлика помала или поголема од 5 гласови на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници (член 97 став 2). Предлог законот за ЈО не беше изгласан бидејќи не го доби потребното мнозинство од 80 пратеници и немаше можност за повторено поименично гласање. Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање немаат никаква заснованост во Деловникот, односно истите се нелегални“, вели Спасеновски.

И вториот закон, вели пратеникот Илија Димовски, оној закон за Советот на ЈО не е донесен.

„Талат Џафери најави (што се гледа на снимките) дека овој закон се носи и со Бадентерово мнозинство. Но, во духот на хаосот претседателот на Собранието заборави (намерно или не) да го стави на гласање по Бадентер (тоа се гледа од листинзите и од видеото од самата седница). Според Уставот на Република Македонија, и овој Закон не е донесен“, вели Димовски и упати апел до претседателот на државата Стево Пендаровски да одбие да го потпише указот за овој закон. 

Тој појасни дека оваа нерегуларност ја забележале уште во текот на седницата, но оти чекале Собранието да се распушти и тоа да ѝ го соопштат на јавноста.

„Прегледајте ги снимките. Сега веќе Собранието е распуштено и не може да се врати. Овој закон не е донесен. И другиот не е донесен. Секако, едниот без другиот закон не може да се имплементира“,  рече Димовски.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе