Eдна година по донесувањето на законот

Претставници на Венециската комисија на 5 и 6 септември во Скопје за Законот за двојазичност

Нацрт-законот за употреба на јазиците на Македонија ќе биде тема на разговорите на членовите на делегацијата на Венециската комисија кои на 5 и 6 септември ќе допатуваат во Скопје. Тие ќе имаат средби со претставници на власта и на невладините организации.

Мислењето за ова прашање Венециската комисија ќе го даде по пленарната седница во октомври. Подготовката на ова нацрт-мислење се финансира во рамките на проектот на ЕУ и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција, а имплементиран од Советот на Европа.

Ова е официјалното соопштение на Венециската комисија за нивната посета во однос на давање на нивно мислење за Законот за двојазичност.

Интересно е тоа дека тие најавуваат дека ќе разгледуваат нацрт-закон за двојазичност, а кај нас овој закон веќе е во сила.

Владините претставници за време на донесувањето на овој закон ја убедуваа јавноста дека евентуалните забелешки од Венециската комисија ќе бидат сигурно вградени во законот, без разлика дали ова законско решение е веќе изгласано од пратениците или сѐ уште е во предлог фаза.

Законот за употребата на јазиците е донесен уште во јануари 2018 година, па по вторпат изгласан во март истата година.

Министерката за правда Рената Дескоска тогаш изјавуваше дека „ако тоа што е донесено во законот биде потврдено од Венециската комисија, во ред, ако не, ќе се менува согласно насоките од Венециската комисија“.

На 11 јули 2017 година вицепремиерот Бујар Османи изјави: „Додека трае расправата во Собранието, ќе се добие препорака од Венециската комисија“, рече Османи и додаде дека и еврокомесарот Јоханес Хан барал Законот за употреба на јазиците да биде претходно оценет од Венециската комисија, па потоа на усвојување, со цел да се спречи можноста законот во иднина да биде оспорен пред Уставниот суд.

Венециската комисија е тело на Советот на Европа чие мислење е само советодавно, без обврзувачки елементи. Експертите на Венециската комисија во март 2011 година за нацрт-законот во Украина се согласиле дека украинскиот јазик е основа за кохезија на украинското општество и за заемно разбирање на нејзините членови. Во декември 2017 година, Венециската комисија за Украина објави дека е легитимна и препорачлива целта на државите да го промовираат зајакнувањето на употребата на државниот јазик од сите нејзини граѓани и да презема акции тој јазик да биде изучуван од сите, како начин за решавање на постоечките нееднаквости и за поедноставно и поефикасно интегрирање на лицата кои припаѓаат на националните малцинства во општеството.

А.Д.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе