По Договорот за добрососедство

Претставници на бугарската амбасада не се појавија денеска пред гробот на Гоце Делчев

Денеска се навршуваат 147 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, еден од носителите на идејата за слободна и независна Македонија. Во екот на актуелните разговори на историчарите за заедничкиот дел од македонската и бугарската историја, според Договорот за добрососедство и пријателство на двете земји, денеска на гробот на Гоце Делчев не се појави ниту еден претставник на бугарската амбасада во Македонија.

Во црквата Свети Спас во Скопје денеска на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев цвеќе положија делегациите на Владата на Република Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако во духот на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, се очекуваше пред саркофагот на Гоце Делчев да се појави и делегација на амбасадата на Бугарија во Македонија, тоа не се случи.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека Делчев целиот свој живот го посветил на македонската револуционерна борба, нејзината самостојност и самобитност и создавање на македонска самостојна држава.

Идеалите и заложбите на големиот визионер Гоце Делчев се наша заедничка обврска за единство и сплотеност во политичките предизвици, и со искрена и максимална вклученост на сите општествени чинители и граѓани, соопшти Владата на РМ.

Денеска македонскиот премиер Зоран Заев, во рамките на неговата официјална посета на Бугарија, ќе се сретне со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Софија.

Тие, како што информираат од Владата на РМ, ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. „Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски. Програмата започнува со заедничко положување на венец на пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147 годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Македонија, Асаф Адеми и министерот за култура на Бугарија, Боил Баново. За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ помеѓу Бугарија и Македонија“, се вели во соопштението на Владата.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе