Разменети мислења за севкупните билатерални односи

Претседателот Пендаровски се сретна со шефицата на шведската дипломатија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, при што беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи.

Како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, во тој контекст, претседателот Пендаровски посочи на интересот на Северна Македонија за интензивирање на соработката со Шведска во сферата на економијата и се заблагодари за континуираната поддршка од Шведската меѓународна агенција за развој за Северна Македонија.

Во контекст на европските аспирации на нашата држава, Пендаровски ја истакнал важноста на поддршката што Шведска ја дава за интеграцијата на Северна Македонија и државите од Западниот Балкан во Европската унија.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека и покрај отсуството на одлука за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, европската интеграција останува стратешка цел за Северна Македонија. За Северна Македонија, рече претседателот Пендаровски на средбата, не постои друга прифатлива алтернатива освен полноправно членство во ЕУ, се истакнува во соопштението.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе