Претседателот Пендаровски се сретна со Мустафа Шентоп, претседател на турското Собрание

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп при што двајцата размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двет земји и констатирале дека тие се пријателски, со интензивни контакти на највисоко ниво.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, двајцата соговорници размениле мислења и информации за состојбите во двете земји, како и за актуелните состојби во регионот.

„Претседателот Пендаровски изрази задоволство од континуираната поддршка од Република Турција за евроатлантските аспирации на Република Северна Македонија. Претседателот изрази очекување дека Република Турција, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, наскоро ќе го ратификува протоколот за пристапување на земјата во НАТО“, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски, се додава, истакнал дека членството на Република Северна Македонија во НАТО позитивно ќе влијае за дополнителна стабилизација на регионот, како и во севкупната внатрешна општествено-политичка состојба во земјава.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе