Претседателот Пендаровски не планира да свика лидерска средба

Maкедонскиот претседател Стево Пендаровски не планира да свика лидерска средба, велат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.

„И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите“, истакнуваат од Кабинетот на Пендаровски.

Премиерот и претсетадел на СДСМ Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Рече дека очекува да ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја „потегне" тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицковски, пак, најави дека неговата партија нема да учествува ако лидерската ја организира Пендаровски.

И Заев и Мицковски се согласни  дека на  лидерската средба треба да се разговара за корона кризата, евроинтеграциите и други прашања од интерес на граѓаните.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе