Претседателот Пендаровски на 22 ноември на средба со Вучиќ

Македонскиот претседател Стево Пендаровски на 22 ноември ќе престојува во официјална посета на Република Србија.

Во Белград, како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Вучиќ ќе имаат заедничка прес-конференција.

За време на официјалната посета на Република Србија, предвидено е Пендаровски да оствари билатерални средби со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе