Членовите изразија загриженост поради нефункционалноста

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Советот за граѓански надзор

Функционирање на Советот за граѓански надзор е особено значајно во предизборниот период, порача Пендаровски. 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Советот за граѓански надзор од кои беше информиран за состојбата, предизвиците и проблемите во работењето на Советот.

„Неговото функционирање е особено значајно во предизборниот период, како единствен орган кој може да врши контрола на законитоста на спроведување над мерките за следење на комуникациите“, порача Пендаровски.

Членовите на Советот изразија загриженост поради нефункционалноста на ова тело која, како што рекоа, произлегува од несоодветното спроведување на Законот за следење на комуникациите, којшто беше донесен со консензус меѓу политичките партии, информираа Кабинетот на Претседателот. 

Како што е наведено во соопштението, соговорниците потенцираа дека пратениците во Собранието треба да овозможат непречено практично, а не само декларативно функционирање на Советот за граѓански надзор во безбедносниот сектор.

Тие нагласија дека нивната задача е да ги проверуваат сомнежите на граѓаните, да советуваат и алармираат, а токму реформите во овој сектор се еден од условите за нашите евроатлантски интеграции. 

Пендаровски посочи дека безбедносниот сектор е еден од основните предуслови за политичка и економска стабилност на секоја правна држава. Оттаму, рече тој, сите надлежни институции треба да бидат максимално посветени во реформските процеси, вклучувајќи го и овозможувањето на целосна функционалност на Советот за граѓански надзор, како еден од механизмите во обезбедувањето на општите но и индивидуалните сигурност, приватност, права и слободи на секој граѓанин, информира Кабинетот на Пендаровски.

На средбата присуствуваа претседателката на Советот, Маргарита Цаца Николовска, и членовите Ице Илијевски, Гордан Калајџиев, Дијана Тоска, Арјета Цека Жаку и Марија Златанова-Коцева. 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе