Жозеф Дол на Твитер

Претседателот на ЕПП со поддршка за Сиљановска, ја смета за вистински кандидат

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жозеф Дол се огласи на Твитер со поддршка за кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, нарекувајќи ја вистински кандидат. 

„Ѝ посакувам на Гордана Сиљановска добар резултат во првиот круга на претседателските избори. Сиљановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, за независност на судството и борба против корупцијата, што е предуслов за напредок на евроатлантскиот пат. Изборите треба да бидат слободни и фер“, напиша Дол.

Инаку, ЕПП е најбројна во Европскиот парламент, а ВМРО-ДПМНЕ е дел од семејството народни партии. 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе