Претседателот Иванов во официјална посета на Турција

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Турција.

Претседателот Иванов, во Анкара, ќе биде примен со највисоки државни и воени почести и ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган и со претставници на турскиот државен врв. Во рамки на посетата, претседателот на Република Македонија ќе положи венец во Мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара,  информираа од Кабинетот на Претседателот.

За време на официјалната посета на Турција, македонскиот претседател ќе одржи предавање на тема „Предизвици на високото образование во третиот милениум“, пред членовите на Советот за високо образование на Турција и ректорите од сите државни и приватни универзитети на Турција.

Претседателот Иванов, во Истанбул, ќе се обрати на отворањето на Светскиот форум на бизнис ангели, во чии рамки, на македонскиот претседател ќе му биде доделена наградата за Светско лидерство, по повод прогласувањето на „Школата за млади лидери“, како најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година, соопштија оттаму.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе