Основен суд Скопје 1

Пресуда за Диво Насеље: 7 доживотни затворски казни, 13 казни од 40 години затвор и пеење на албанската химна

Основниот суд Скопје 1 изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Македонија.

Од вкупно 37 обвинети во судницата пресудата ја слушнаа само четворица. Другите обвинети одлучија да го бојкотираат судењето и да излезат од судницата. Во почетокот на изрекувањето на пресудата, по појавувањето на судијката Верка Петковска, обвинетиот Шефкет Калачи стана, ја соблече блузата и се обрати со зборовите - за ова ќе одговарате сите и вие и јавниот обвинител.

По него станаа и другите обвинети и на цел глас во судница ја пееја химната на Албанија и извикуваа „да живее УЧК“, извикуваа „имаме педери во политиката“ и пееја албански песни со зборовите „зборот е збор, ветувањето е ветување“. Дел од обвинетите ѝ се закануваа на судијката дека никогаш нема да може мирно да спие и дека во Македонија никогаш нема да биде мирно.

По ова судијката Петковска со решение ги отстрани обвинетите од судницата.

По изрекувањето на пресудата судијката Петковска образложи дека обвинетите ќе треба солидарно да ги надоместат трошоците за спровод, за судски преведувачи и за обдукциите направени во Институтот за судска медицина.

Образложението на судијката по изрекувањето на пресудата беше дека доказите што ги понуди обвинителството покажале дека обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација, дека доказите јасно ги утврдуваат приликите поради кои обвинетите дошле во Македонија, начинот на кој тие влегле во земјава, како се засолниле и како во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршија терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.

К.Д.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе