Инцидент во Собранието

Пресметка меѓу Груевски и Џафери, пак пауза (ФОТО + ВИДЕО)

Со вода беше испрскан претседателот на Собранието Талат Џафери од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кога спикерот почна да ја отвора раасправата за Законот за употребата на јазиците. Груевски се обиде да му ја земе и картичката за гласање, по што Џафери даде пауза од 15 минути. Потоа дојде до кошкање меѓу Груевски и Џафери, па собраниското обезбедување беше приморано да интервенира.

 

Претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев бараше процедурално, но Џафери не му дозволи. Потоа, дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред Џафери и викаа „процедурално“, „процедурално“, а спикерот го читаше делот за почнување на расправата за Законот за употреба на јазиците.

Пратеникот Груевски беше најгласен и најжесток во обидот да го прекине Џафери - удираше по масата, по ѕвончето, му го мрдаше микрофонот и му ја истури чашата со вода.

Додека Талат Џафери го читаше образложението од Иванов, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегоа пред говорницата. Никола Груевски почна да ѕвони на спикерското ѕвонче. Џафери продолжи да чита, па Груевски му го сврте микрофонот 
„Прекинете! Прекинете, ви барам процедурално!“, викаше Груевски. 
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го повикуваа Џафери со зборовите: „Прекини бе Талат“. 
Потоа Груевски се качи зад Џафери и му го исклучуваше микрофонот.

Претседателот на Собранието даде пауза и при заминување од салата беше попречен од Груевски, но обезбедувањето спречи можен посериозен инцидент.

„Ова е бившиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ", рече Џафери. 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат Џафери да го почитува Уставот и да го применува Деловникот, да заседава Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и таа да даде свое мислење за прекршување на деловникот. 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе