Реакција

Преписка на поранешните министерки за култура, Цветанова ја повика Милевска да каже дали ќе гласа за уставните измени

Ја повикувам поранешната министерка за култура и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска, јавно и недвосмислено да се произнесе дали ќе гласа за уставните измени! Барем толку ѝ должи на македонската култура која ја застапуваше во изминативе 11 години! Оваа порака на својот твитер-профил ја напиша Ганка Цветанова, поранешната министерка за култура по денешната собраниска дискусија на нејзината наследничка во владата на Никола Груевски.

Денеска Канческа-Милевска од собраниската говорница ги повика лидерите на политичките партии да седнат на заедничка маса, и преку дијалог да постигнат консензус, наместо присилно наметнување за одржлив договор.

„По затворање на расправата, ние нема да гласаме дали веднаш ќе се менува Уставот, туку ќе донесеме одлука дали може нешто да направиме за договорт или не“, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канческа-Милевска.

 

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе