НА СОСТАНОКОТ НА „БИХАЌКА“

Преодна влада без Груевски, став на опозицискиот блок на СДСМ

Преодна Влада без Груевски, тоа е основниот принцип за да може да се гарантираат минимум услови за фер и демократски услови, е ставот заземен на заедничкиот консултативен состанок на претставници од сите политички партии на опозицискиот блок, коалициски партнери на СДСМ, но и партии со коишто се прошири соработката, информира СДСМ.

На почетоткот на состанокот лидерот на СДСМ Зоран Заев ги запознал претставниците на партиите од опозицискиот блок за текот на лидерската средба одржана во Брисел, под покровителство на Европската унија.

-Политичките партии од опозицискиот блок му дадоа силна поддршка на Заев и на принципиелните позиции и ставови со коишто настапува во разговорите, барајќи начин за излез од длабоката политичка криза. Заеднички беше констатирано дека можностите за продолжување на разговорите, на принципиелно и рамноправно ниво, може да се разгледуваат уште многу кратко време. Преодна Влада во којашто нема да учествува Никола Груевски е основен принцип за да може да се гарантираат минимални услови за организирање на фер и демократски избори во Република Македонија. Само на тој начин ќе може да се стабилизираат институциите, да се нормализираат состојбите и да се вратат механизмите на контрола во општеството за конечно граѓаните слободно да ја искажат својата волја на демократски избори, соопшти СДСМ.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе