Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Пренџов: Еколошката такса е само арач, нема ништо европско во неа

Таканаречена еколошката такса е кризен данок, мерка за собирање арач од граѓаните која власта на Заев сака да ја спроведе злоупотребувајќи европско знаме во собраниската процедура, со цел, на мала врата да наметне поскапување на горивата од 4,13 денари по литар, оцени на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.

„Што има европско во законот за зголемување на цената на горивата, или т.н. еколошка такса? Според предложениот закон никаде не може да се најде дека истиот е усогласен со европските регулативи, за да имаат право да се повикуваат на европското знаме. Овој кризен данок кој Заев сака да го прикаже како еколошка такса е најскап во Европа. Така македонските граѓани ќе плаќаат 5,7 евроценти за литар гориво поскапо, исто колку што плаќаат во Велика Британија. Каде е стандардот на македонските граѓани во споредба со тие во Британија и во остатокот од Европа? Ова само ќе ги зголеми трошоците и на превозниците и на сите останати сектори и со тоа ќе се отвори инфлаторната спирала која ќе го доуништи македонскиот стандард кој и онака е погоден од целата криза", рече Пренџов.

Според пратеникот, Владата на Заев е најмрзливата во Европа и, како што нагласи, таа нема план каде и како ќе ги троши парите за т.н. зелени проекти и го постави прашањето дали парите ќе се користат за покривање на буџетски дупки и луксузирања, или пак, можеби за предизборен поткуп.

„Доколку власта остане глува на предупредувањето на експертите и на јавноста, и го донесе на сила ова законско решение, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија ќе го ревидираат уште на првата седница при промената на власта“, порача Љупчо Пренџов.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе