Премиерот Заев: Носејќи ги духовноста и просветителството во себе, секој може да биде своевиден Свети Климент

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вечерва присуствуваше на одбележувањето на празникот Св. Климент Охридски, основоположникот на Македонската духовност и црква. 

Во исто време во своето обраќање тој го честиташе големиот 50-годишен јубилеј од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија и истакна:

„Го честитам значајниот јубилеј на Македонската Православна Црква, 50 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија преку Македонската Православна Црква и празникот на Свети Климент Охридски основоположник на македонската духовност. Тоа што денеска, на заокружувањето на полувековното постоење на патрониот празник на МПЦ - ОА сме сите овде, заедно, различни по различни видови убедувања, но исти во желбата и намерата да има спокоен и квалитетен живот за секој граѓанин на Република Македонија, е придонес на сите во оваа сала и во нашата држава“, рече Заев. 

Тука свое место има и треба да има Македонската Православна Црква, пред се како духовен водач кон општото добро.

„Ние сме секуларна држава, но верските заедници и нивните закрилници, како што е за православниот свет Црквата, се и духовно и културно наследство, и како такви треба и да ги негуваме, и да ги надополнуваме, развивајќи се индивидуално и поттикнувајќи колективен развој, низ нашиот индивидуален развој.Таков пример ни дава и Свети Климент Охридски, во чија чест е исто така денешното чествување на овој ден. Бил еден од најблиските и нај ревносните соработници и соучесници во мисијата на светите Кирил и Методиј во Моравија за описменување на народот. Како нивен ученик, бил подложен на страдања , но верувал во доброто што го правел и останал доследен на обврската што ја чувствувал како човек, да го продолжи делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на словенската просвета. Применувал богослужба и создавал словенски свештенички кадар, затоа што бил свесен за важноста на духовната поткрепа на луѓето, кои ја наоѓале во Црквата“, додаде премиерот. 

Овој човек, Свети Климент останува жив паметник во историјата како основач на Охридската школа, честопати именувана како „првиот балкански и европски универзитет", низ којашто минале околу 3.500 ученици. Бројот е импозантен и за денешните, но уште повеќе за тогашните времиња. Тоа индиректно сведочи за исклучителните организациски, но и анимирачки способности на светиот учител од Охрид. Луѓето имале желба за наука, но без сомнение, голем удел во привлекувањето и прифаќањето на учениците, но и нивото задржување, зголемување, па и понатамошно ангажирање во духовната и во просветителска дејност, има нашиот Свети Климент.

Со Свети Климент се поврзани почетоците на писменоста македонска и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта.
Оддавам чест на Свети Климент Охридски за неговото големо духовно - просветителско дело со кое 'не задолжи сите и ни покажа како "на дело" се станува и духовник и просветител.

Јас сакам да порачам денеска дека секој може да биде своевиден Свети Климент почитувани граѓани и почитувани присутни. Духовноста, просветлението, просветителството се дадени на секој од нас, а со нивното практикување стануваме подобри луѓе, во подобар свет, солидарен свет, образуван свет. Така градиме сегашност и иднина за секој човек, секој граѓанин, за секој од нас.

 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе