Премиерот Заев не може да биде и министер за финансии, одлучи Антикорупциска

Антикорупциска комисија заклучи дека премиерот Зоран Заев не може да биде истовремено и министер за финансии заради судир на интереси. Според неофицијалните информации, Заев веќе го повлекол своето име од листата на предлози за нови министри.

Пред почеток на денешната собраниска седница на која треба да се гласа за новите министри Антикорупциска комисија испратила известување до престедателот на Собранието, Талат Џафери во кое навела дека изборот на премиерот за министер за финасии е судир на интереси.

Антикорционерите  во писмо се повикуваат на Законот за судир на интереси во кој пишува дека премирска функција е неспоива со други јавни функции.

Во писмото се наведува дека „во врска со Предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија со бр. 08-2072/3 од 23.06.2019 година, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, со кој, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии, ДКСК укажува дека:

–  Согласно член 72 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:

„Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за неогово одбегнување.“

– Согласно член 44 став 1 и 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:

„Избраното или именуваното лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“   и

„Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга.“

Имено, во случај кога Претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии, ќе настане повреда на горецитираните одредби, при што, Државната комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се вели во соопштението од ДКСК.

 

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе