Владина делегација патува за Истанбул

Премиерот Ковачевски утре на тет-а-тет средба патријархот Вартоломеј

Премиерот Димитар Ковачевски утре ќе ја предводи владината делегација која во рамки на работната посета на Турција ќе престојува во Истанбул за да учествува на литургијата што заеднички ќе ја сослужуваат Архиепископот охридски и македонски, поглаварот на МПЦ-ОА, г. г. Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Цариградски Вартоломеј, најави владината прес-служба и нагласи дека е организирана средба на премиерот со Вселенскиот патријарх. Во Истанбул патуваат и министрите Бујар Османи, Оливер Спасовски и Славјанка Петровска.

Владината делегација ќе присуствува на „Патријаршиската и Синодолна света литургија, откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви“, се вели во соопштението и се нагласува дека ќе биде организиран прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе