Премиерот и претседателот без координација за историските прашања во францускиот предлог

Вчера во интервјуто за ТВ 21 македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека ако нема договор за историјата ќе има ново бугарско вето за ЕУ преговорите. Осум дена пред тоа премиерот Димитар Ковачевски даде изјава дека историјата нема да е дел од преговорите со ЕУ.

Фото: ЕПА

Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија. Тој кажа која е процедурата, но доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија.

„Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете влади. Двете влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство, до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаат на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија“, изјави Пендаровски. 

 

Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за јавноста кажа дека во новиот францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и отворање на преговорите за Македонија со ЕУ, историските прашања не се дел од преговарачката рамка. „Владата има план и стратегија која даде резултат, односно забелешките за претходниот предлог кој не беше прифатлив за нас се прифатени и се содржани во новиот предлог.

„Нашите забелешеки беа историските прашања да не бидат дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ кој е доставен и се разгледува во Министерството за надворешни работи. За сите други детали министерот ќе има консултации и ќе бидат презентирани на медиумите и на сите заинтересирани страни“, рече Ковачевски.

На 22 јуни Пендаровски изјави дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, кој се одржува пред состанокот на Европскиот совет, на кој треба да се одлучи дали ќе почнат пристапните преговори на ЕУ со нашата земја. Според претседателот, вакво понижување Македонија не доживеала никогаш досега и откри дека Софија бара Бугарите да бидат внесени не само во преамбулата на Уставот, туку и во неговиот нормативен дел, каде не е наведена ниту една етничка заедница што живее во Македонија.

А.Д.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе