На македонско-бугарската граница

Преку Деве Баир од утрово од земјава излегле 160 патници

Преку граничниот премин Деве Баир на границата со соседна Бугарија, од полноќ преку во Македонија влегле 140 патници, а излегле 160, информираат од  Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир.

По вчерашната одлука на бугарската Влада мерките се делумно олеснети, па македонските државјани може да патуваат во Бугарија, под услов да имаат негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.

Како што јавува МИА, од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир посочиле дека малку е поголема фреквенцијата на патници, бројот на сите кои досега  минале гранична контрола е вкупно триста, и странци и македонски државјани.

Товарниот сообраќај за време на целата пандемија со ковид-19 се одвива редовно.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе