Почнаа математиките за вториот круг

Преку Дебар, во вториот круг можна е поддршката на албанската опозиција за Силјановска

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат за градоначалник на Дебар на предвремените избори во оваа општина, што ќе се одржат на 21 април заедно со претседателските. Оваа официјална информација веднаш ги подгреа шпекулациите дека Алијансата за Албанците и Беса веќе се договориле со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка во вториот круг на претседателските избори. Оваа можна соработка многу ги мати сметките на владеачката коалиција СДСМ и ДУИ за претседателските избори.

Шпекулацијата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Дебар на Алијансата за Албанците, како дел од договорот за поддршка во вториот круг од претседателските избори почнаа да добиваат потврда во официјалната информација дека ВМРО-ДПМНЕ во Дебар нема да излезе со свој кандидат за градоначалник.

На 21 април во Дебар ќе се гласа на вонредни избори за градоначалник и на редовните шести претседателски избори.

Досега за градоначалник на Дебар официјални се кандидатурите на д-р Хекуран Дука од ДУИ, кој е актуелен вршител на должноста градоначалник, и на д-р Арбен Аголи од Алијансата за Албанците, кому поддршка му даде и движењето Беса.

Избори за градоначалник во Дебар се организираат поради смртта на претходниот, Ружди Љата, кој  по кусо и тешко боледување почина на крајот на ноември минатата година.

На претседателските избори на 21 април освен Стево Пендаровски, како кандидат на владеачката коалиција меѓу СДСМ и ДУИ и други партии и Гордана Силјановска Давкова, како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, кандидиран е и Блерим Река со поддршката од Алијансата за Албанците и Беса.

Река во интервју за МКД.мк вели дека ако не помине во вториот круг, нема да ги повика гласачите Албанци од Македонија да гласаат за еден од првите двајца кандидати.   

Неофицијално, од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека постојат контакти и соработка со Алијансата за Албанците и со Беса на локално ниво, но и за некои прашања на државно ниво.

Од Алијансата исто така брифираат дека ништо не се исклучува и дека секакви политички договори се можни, особено пред парламентарните избори.

А.Д.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе