Од владината седница

Преку Артан Груби почнува процедурата за да им се најде работа на „рамковните“ службеници

Владата денеска го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби најави дека во наредните денови ќе бидат подготвени новите решенија за работа на административните службеници.

Според соопштението од кабинетот на вицепремиерот, Груби вели дека Министерството за финансии веќе има дадено согласност за планот за систематизација на административните службеници.

Министерството за информатичко општество и администрација пак, е задолжено во рок од седум дена од приемот на актите за систематизација на овие административни службеници, во рамки на своите надлежности да ја заврши постапката за согласност за работните места каде што ќе бидат сместени овие административни службеници.

„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е должно во рок од 15 дена по усвојувањето на Планот да изготви индивидуални одлуки за секој административен службеник што ќе биде систематизиран во органите на државната администрација", се вели во соопштението.

Груби посочува дека органите на државната администрација се должни на административните службеници кои ќе ги прифатат во нивните институции, да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.

Според Груби, се задолжува Агенцијата за вработување врз основа на решението за распоредување да направи одјава на административните службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и да ги пријави на нивните нови работни места.

Инаку, Владата во соопштението од денешната седница наведе дека согласно Планот кој денеска беше усвоен, опфатени се вкупно 1.349 вработени според К5 програмата кои ќе бидат распределени на конкретни работни задачи во 237 институции.

„Целта на Планот е вработените да бидат распоредени во друга институција од јавен сектор во соодветно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува“, се вели во владиното соопштение.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе