Подгорица

Прекината е посетата на црногорскиот шеф на дипломатијата на Македонија со одлука на црногорскиот премиер

Незапаметено досега. Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ на владина седница изјавил дека не бил запознат со посетата на црногорскиот министер за надворешни работи на Македонија и побарал Ѓорѓе Радуловиќ, кој веќе пристигнал во Скопје, директно да го информира за плановите на посетата, пишува црногорскиот весник Вијести.

Радуловиќ

Владата на Црна Гора не ја усвои платформата за посетата на министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ на Македонија, па министерот морал да се врати од Скопје каде што веќе пристигнал.

Шефот на дипломатојата на Црна Гора, според официјалното соопштение на нивното Министерство за надворешни работи, требало да се сретне со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со министерот Бујар Османи и со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

Средбите биле планирани за утре и задутре.

 

Легенда под Главна слика

Радуловиќ

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе