Преговорите на Македонија со ЕУ, еден од приортетите на словенечкото претседателство

Словенија е добро подготвена за претседавањето со Советот на Европската унија, што започнува на 1 јули, а најважните теми на дискусија ќе бидат Конференцијата за иднината на ЕУ и напредокот на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ,  особено почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар.

„Следните месеци ќе бидат многу тешки за сите нас. Затоа, денеска и утре нема да разговараме толку многу за самото претседателство, туку генерално како да ги материјализираме нашите позиции и нашите обврски од стратегијата за надворешна политика и нашата програма за претседавање, изјав Логар на затворена словенечка конференција за дипломатите која се одржува на Брдо кај Крањ“, јави СТА.

Тој пред дипломатите рекол дека им претстојат многу досиеја со големи барања и ќе мора да работат напорно.

За односите со соседните земји, Логар кажал дека од минатиот септември, кога беа одржани последните консултации од таков вид, деловната соработка и развојот на инфраструктурните односи се во прв план, што според него може да помогне во надминување на некои отворени прашања.

Словенечкиот претседател Борут Пахор ќе им се обрати на дипломатите денеска, а обраќањето на премиерот Јанез Јанша е најавено за утре.

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе