„Викенд на дијалог – новинари против предрасудите"

Предрасуди има, како да се надминат

Предрасуди – да има, негативни емоции – исто така, навреди, ширење говор на омраза – не многу, лажните вести – доминираат. Ова беа дел од темите за кои разговараа македонските и бугарските новинари за време на првиот „Викенд на дијалог – новинари против предрасудите" кој заврши со заклучоци дека проблемите се слични или исти и дека треба да се најде решение како до поквалитетно и попрофесионално новинарско известување.

Новинарите од повеќе медиуми од Македонија и Бугарија во Охрид два дена дебатираа и за тоа како понатаму кон градење на поголема доверба едни кон други, разбирање и взаемно почитување, во интерес за подобро разбирање и соработка меѓу двете држави кои имаат иста цел – градење на демократски општества согласно принципите на Европската унија.

Двете држави имаат долга историја на взаемно некомуницирање речиси во сите сфери во општеството што неминовно носи поделени чувства кај граѓаните и новинарите. Недовербата е градена со декади, особено во време на бившите социјалистички/комунистички системи кога во интерес на тогашните регионални и глобални политики придонесе за непознавање на првиот сосед и креирање стереотипи и предрасуди кои веројатно не можат лесно да се искоренат.

Толкувањето на историјата, културата и традициите низ призмата на политичкиот интерес, без објаснувања, факти и анализи со ставови од двете страни, не придонесуваат за намалување на предрасудите на едните кон другите. Вметнување на политиката, особено на дневната политика во текстовите и коментирање со доза на негативни емоции, само ги поттикнуваат предрасудите и ги влошуваат односите помеѓу новинарите и граѓаните.

Дијалогот што за време на викендот се одржа во Охрид покажа дека може и поинаку. Покажа дека може да се разговара и дебатира за новинарските проблеми без проблеми меѓу себе, дека може да се зборува за тоа како да се соопштуваат фактите во интерес на вистината и со цел  да се справуваме со лажните вести кои за жал се чини го водат приматот на присутност во јавноста. Како да се запазауваат новинарските стандарди, а да не се биде здодевен во ова виртуелно време кога најчесто се читаат насловите, но не и содржината. Се говореше и за тоа за историјата да расправаат историчарите, а медиумите да не се ставаат во улога  на послушнци кои ја следат дневната политика и краткорочниот интерес на политичарите.

Многу зборови, многу разговори, многу дебати поминаа во позитивна атмосфера  што доведе до заклучокот дека соработката треба да продолжи со напори за подобрување на она што новинарите може и треба да го направат – да се држат до професионалните стандарди, да не се коментира без факти и аргументи, да пишуваат едни за други повеќе и поразновидно, а не само за политика. Целта на ваквите средби е зајакнување на професионалното новинарство наспроти лажните вести преку подобрување на меѓусебната комуникација  и соработка.

Собирот органзиран од Здружението за промоција на дијалогот, толеранцијата и човековите права „Медиум“ – Скопје го поздравија министерот за отчетност и транспарентност во Владата на Република Северна Македонија, Роберт Поповски  и амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов.

Ј.М.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе