Државен просветен инспекторат

Предложена казна за инспекторот Илиевски, а тој одговара дека со ова е закопана правната држава

Државниот просветен инспекторат (ДПИ) денеска донесе предлог за дисциплинска мерка за просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој во последниот период донесе неколку решенија за незаконско работење на Државниот тетовски универзитет.

Одлуката беше донесена по речиси четиричасовна расправа на која на новинарите не им беше дозволено да присуствуваат. За седум дена директорот на ДПИ Томе Спировски ќе одлучи дали и како ќе го казни инспекторот Илиевски. Комисијата утврдила дека е сторен прекршок и предлага дисциплинска мерка за инспекторот.

Постапката против инспекторот Илиевски се водеше според Законот за административни службеници, односно согласно подзаконскиот акт кој произлегува од Правилникот за водење на дисциплинска постапка и образецот за тајно гласање.

„Денеска е закопана правната држава во Македонија. Ваков чин на една дисциплинска постапка каде што не се дозволи да влезат медиумите, тоа е незамисливо. Сакав јавно да проговориме за државните функционери, да им дадеме порака и на сите други, како што јас се охрабрив и јавно кажав за незаконитостите што се случуваа со функционерите кои незаконски се унапредувале, незаконски добивале парични средства“, рече Илиевски.

Второстепената комисија за инспекциски надзор, по поднесената жалба од тетовскиот универзитет, веќе ги укина решенијата на инспекторот Илиевски. Тој вели дека само тој можел да даде одговор по таа жалба.

Илиевски пред новинарите изјави дека негов најголем грев е што за незаконитостите проговорил јавно пред медиуми.

„Мојот најголем грев е што сум се јавувал кај вас, што сум ја кажувал вистината јавно, што сум ги известил Антикорупциска, Јавното обвинителство, што сум поднел кривични пријави и што сум имал средби со амбасади. Ако јас затајам нешто, тоа е кривично дело, и тоа нема да го видат од мене. Јас ќе продолжам со информирање на јавноста за правичноста. И мислам дека ќе победам. Каква дозвола јас да барам од директорот за давање изјави, да објавам незаконитост, кога тој ми вели ова да го сокриеш“, изјави Илиевски.

Здружението на новинарите на Македонија го осуди односот на вработените во Министерството за образование и наука и членовите на дисциплинската комисија кон новинарите што сакаа да ја следат денешната седница.

„Присуството на новинарите и на јавноста на седници од овој тип е од исклучителна важност за обезбедување фер и правична постапка, особено кога се работи за предмет кој е од интерес за пошироката јавност“, соопштија од ЗНМ.

Инспекторот Илиевски јавно изјави дека јавни функционери биле незаконски унапредувани во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката против Илиевски ја покрена Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе