Предлогот за една изборна единица и за отворени листи поднесен во Собрание

Иницијативата за една изборна единица денеска поднесе два предлога за измени и дополнувања на Изборниот законик, соопшти денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката Лилјана Поповска.

„Во првиот предлог побаравме да се направи промена од шест изборни единици на една изборна единица, а во вториот внесовме и отворени листи на локалните избори, еднаков број жени и мажи и на локалните и на парламентарните избори и механизам за избор на паритетна застастапеност на советниците на листите“, изјави Поповска.

Таа посочи дека Иницијативата за една изборна единица сметала дека со овие измени земјата ќе обезбеди еден подемократски модел, што од една страна претставува можност за сите политички субјекти да учествуваат на изборите и да бидат избрани и гласовите на граѓаните да не пропаднат, туку да се преточат во пратеници во Парламентот, а од друга страна, можност за граѓаните директно да се изјаснат и на кому му даваат приоритет на локалните избори.

На прашањето околу тоа дали имаат доволна поддршка за да се изгласаат предлозите во Собрание, Поповска нагласи имаат поддршка од над 61 пратеник, од владејачката СДСМ, како и од други партии. 

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе