Собрание

Предлогот за една изборна единица ги скара коалициските партнери СДСМ и ДУИ

Ту мач. Ова е премногу од кого и да е. Да се поднесат 5.000 амандмани е навистина премногу. Ние во наредниот период ќе ја разгледаме коалицијата со ДУИ. Ова е изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев само неколку месеци пред изборите договорени за 12 април 2020 година.

ДУИ пред два дена поднесе 5.000 амандмани на предлогот за измени во Изборниот законик. Околу илјада амандмани поднесе и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Официјални претставници и на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ велат дека се против предлогот за една изборна единица и се против измени во Изборниот законик само неколку месеци пред избори.

За Заев ова поднесување на илјадници амандмани од ВМРО-ДПММЕ и ДУИ на истиот предлог-закон е сомнително. Поднесувачите на иницијативата за една изборна единица и за отворени листи на кандидатите, меѓу кои е и СДСМ, бараат да се повлечат амандманите. Иницијаторите на измените на изборното законодавство, 17 на број, тврдат дека предлогот за една изборна единица и за отворени листи има поддршка од 65 пратеници и апелираат да се отвори дијалогот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да прифатат никаква расправа за промена на изборниот модел најмалку 1 година пред изборите.

Движењето Беса е за моделот со 3 изборни единици и отворени листи, но нема да поднесат амандмани за предлогот за една изборна единица.

„Ние нема да поднесеме амандмани и не сме за една изборна единица. Ова го кажавме и порано. Ништо не се менува. Една изборна единица со затворени листи не менува ништо суштински, туку е само манипулација со мислењето дека нешто може да се промени. Ако сакаме нешто да се промени, тоа мора да биде нешто порадикално и суптилно“, велат од Беса.

Алијансата за Албанците е за отворени листи и осум изборни единици. И партијата на Села гледа поврзаност меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во врска со амандамните.

„Поднесените 5.000 амандмани не се ништо повеќе од 5.000 причини да се блокира собраниската расправа за измените на Изборниот законик. Од друга страна, приближувањето на ставовите и доставувањето на амандманите со ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател за нивните идни соработки во блокирање на процесите што носат промена за општо добро, но секако на нивна штета”, соопшти АА.

За Изборниот законик се најавени над 6.000 амандмани од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, кои практично нема да успеат да се разгледаат пред изборите во април. Двата предлога за менување на Изборниот законик треба прво да го поминат филтерот на Комисијата за политички систем. Претседателот Александар Кирацовски вели дека службите интензивно работат, но се уште не му го соопштиле дефинитивниот број на амандмани. Ќе ја закаже седницата веднаш штом го добие тој податок, но не пред 17-ти декември.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе