Парламентарна група за помирување

Предлог за селективна амнестија, за вработените од МВР нема помилување, за пратениците ќе се чека на квалификацијата на обвинителството

Членовите на собраниското тело за помирување вчера конечно се согласија одколу текстот на предлог законот за амнестија за 33-та обвинети во случајот „27 април". Од она што го дознаваме, амнестијата нема да важи за вработеноте во МВР кои беа дел од ланецот на командната одговорност во полицијата. Што се однесува до обвинетите петмина пратеници, за евентуалната нивна амнестија ќе се знае кога обвинителството точно ќе ги квалификува кривичните дела.

Засега, за сите обвинети останува обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за прганизираниот напад на Собранието на 27 април минатата година.

Од овој предлог за амнестија произлегува дека нема да може да биде амнестиран Митко Чавков, тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност на МВР, кој не дал наредба да се интервенира за време на случувањата во собраниската прес-сала на 27 април минатата година.

Во оваа група се и други обвинети, припадници на МВР кои имале сребрена, бронзена и други команди.

Амнестија нема да има и за инспираторите и организаторите на насилствата, за лицата кои вршеле разни насилства и сите лица кои се опфатени поради здружување на непријателска дејност, пишува во предлог законот.

Зекир Рамчиловиќ, еден од пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои преминаа во независна пратеничка група, член на групата за помирување, вели дека е „најдена правна формулација со која нема да се загрози понатамошната судска постапка за организираниот напад на Собранието на 27 април“.

Предлогот за амнестија сега треба да го разгледа Интерпарламентарната група за реформи, интеграција и помирување, а потоа ќе биде испратен до сите пратеници.

Вчера Вчатко Ѓорчев, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека за нив овој предлог за селективна амнестија е неприфатлив и дека тие се за „целосна амнестија за случувањата на 27 април, за да нема политички условувања, уцени и други перипетии и непринципиелни работи“.

А.Д.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе