Пред утрешниот протест за „Монструм“, полицајците бараат подобра заштитна опрема

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ јавно се обратија до министерот Оливер Спасовски. Пред утрешниот протест за „Монструм“, полицајците бараат подобра заштитна опрема.

„Како што веруваме дека и сами знаете, за утре за во 13:30 часот е најавен нов протест за случајот „Монструм“.

Протестите во случајот „Монструм“ се поради пресудите за петкратното убиство на „Смилковското езеро“.

Како што сите знаеме, последниот протест заврши со големи насилства, при што беа повредени новинари и полицајци.

Протестниот марш беше сопрен пред ТЦ „Мавровка“ од полицискиот кордон, во чии што први редови беа поставени полицајци од т.н. “плава униформа” кои што немаа соодветни средства за заштита за протести од ваков вид, односно беа опремени со безбол капчиња без заштитен шлем, со заштитни панцири без заштитна плоча, со спортски патики и слично.

Бидејќи утрешниот протест, според сегашните најави, најверојатно по ништо нема да се разликува од претходните, по овој пат до Вас апелираме, припадниците кои што утре работно ќе ги ангажирате, истите да ги опремите со соодветна и комплетна заштитна опрема!

Небезбедна, неопремена и незадоволна полиција, никако неможе да значи задоволни и безбедни граѓани

Во минатото, во безброј ситуации и безброј примери, отворено покажавте дека Вашата грижа за обичниот полицаец е рамна на нула, па еве Ви шанса барем еднаш кога сте јавно повикани, да покажете минимум професионалност и за утрешните протести, ангажираните припадници на полицијата да ги опремите со соодветна заштитна опрема.

Синдикатот на Полицијата на Македонија, на сите ангажирани припадници на полицијата , им посакува мирна и убава смена, додека до Министерот и до одговорните јавно апелираме добро да размислат кого и како ќе ангажираат за утрешните протести, од причина што животот на полицаецот е еднакво вреден како вашите животи, па еве Ви шанса барем еднаш кога сте јавно повикани, да покажете минимум професионалност и за утрешните протести, ангажираните припадници на полицијата да ги опремите со соодветна заштитна опрема“,велат од Сидикатот.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе