Пред Собранието и денеска протест против промена на името

Пред Собранието на Република Македонија и денеска се одржува граѓански протест против промената на името, во организација на „Македонија блокира“ и „Тврдокорни“.

За време на протестот една девојка извикувајќи „Јас сум за НАТО“ се обиде да се качи и да се обрати пред присутните на бината, но демонстрантите на сила ја симнаа, оттурнувајќи ја подалеку од бината.

Во Собранието сѐ уште не е почната собраниската седница за уставните амандмани што беше најавена за денеска во 12 часот. Од собраниските служби засега нема официјална информација кога ќе продолжи седницата. 

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе