Шефот на дипломатијата по враќањето од Њујорк

Пред ООН се прикажавме како земја што не бара помош, туку нуди безбедност, вели Османи

Од земја која бара поддршка за својата меѓународна позиција, пред Обединетите нации Северна Македонија стана земја од која се бара поддршка и која активно придонесува во колективната безбедност, прво како земја членка на НАТО, второ како земја преговарач со ЕУ и трето како претстојна земја претседавач со ОБСЕ. Вака министерот за надворешни работи Бујар Османи го оцени минатонеделното присуство на 77. Генерално собрание на ОН во Њујорк, во рамки на владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

Фото: ЕПА

Според него, станува збор за квалитативна разлика во наративот бидејќи, нагласи, пред Македонија други земји ги претставуваа своите проблеми

„Прво, се разбира нашето членство во НАТО, коешто ја менува веднаш меѓународна позиција на земјата. Второ, е почетокот на преговори. И тоа се забележуваше во Њујорк затоа што третманот го имавме како веќе да сме земја членка на Унијата. И, по однос на интересот на земји од надвор од Европа, земји од Азија, од Африка, од Јужна Америка, во нас веќе гледаат земја членка на ЕУ, и оттука нивен е се разбира економски интерес да имаат пазар од 500 милиони граѓани и од тука еден друг пристап. И се разбира третата причина е фактот што претседаваме со ОБСЕ, па тоа дава една нова меѓународна позиција на државата“, смета Османи.

Според него, тие земји сметаат дека нашата држава е успешна приказна која што може да послужи како добар модел по однос на внатрешна меѓуетничка хармонија и мултиетничката функционална демократија, со средени односи со соседите во едно тешко соседство.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе