Пред македонскиот конзулат во Мелбурн запалени макети од Заев и Шекеринска
Група македонски иселеници при вчерашните протести против промената на името и Преспанскиот договор пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија, запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска. Тие извикуваа „никогаш северна, само Македонија".
На протестот беа носени знамиња со сонцето од Кутлеш, а такво знаме беше истакнато и на јарболот пред македонскиот конзулат.
Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.