Пред 18 години потпишан бeше Охридскиот рамковен договор

Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор на 13 август 2001 година.

Со потпишувањето на Рамковниот договор беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Македонија во 2001 година.

Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.

Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ Франсоа Леотар и на САД Џејмс Пердју.

Најголем дел од законите, законските измени и дополнувањата кои беа за овие 18 години донесени како резултат на Охридскиот рамковен договор, се однесуваат на недискриминација и правична застапеност (59), 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе