Спикерот на албанскиот парламент со порака

Ручи: Прецизен попис ќе значи посилна позиција за Артан Груби и Талат Џафери

Првиот вицепремиер Артан Груби и неговиот домаќин во албанскиот парламент, претседателот на Собранието, Грамоз Ручи се согласиле дека „прецизната дефиниција на населението што живее во Република Северна Македонија ќе влијае на проширување на пристапот до регионален развој подеднакво, за подобри јавни услуги, за пропорционална распределба на буџетот како и за поголема институционална застапеност, вклучувајќи ја и позицијата на претседателот на Собранието и позицијата на првиот вицепремиер". 

„Од своја страна, претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи истакна дека е важно албанските политички партии во Северна Македонија да ги координираат и да имаат унифицирани ставови за заедничките прашања на Албанците, вклучително и за процесот на попис, како проект од големо значење за државата и регионот“, се вели во соопштението од кабинетот на Груби во кое се наведени и неколку други теми за кои биле разменети мислења.

Со повици за што помасовно попишување на Албанците се огласија и албанскиот премиер и претседателот на државата Еди Рама и Илир Мета, како и партиски лидери, со кои Груби оствари средби за време на дводневната посета на Албанија.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе