Иронично

Правилата на Интерпол го штитат Груевски од екстрадиција, тој си купува куќа во Будимпешта?

Никола Груевски избега од затворска казна во 2018 година. Политичкиот азил во Унгарија значи дека е малку веројатно дека некогаш ќе ги види ѕидовите на скопскиот затвор однатре.

Фото: ЕПА

Одредбите создадени да ги заштитат политичките бегалци од прогон од репресивни режими, иронично, го штитат поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, од затворска казна и други кривични пријави што произлегуваат од неговото децениско десничарско владеење, велат правните експерти.

Соочувајќи се во затвор поради недозволена набавка на луксузен мерцедес, Груевски пред скоро две години избега од Македонија, барајќи прибежиште во Унгарија под власта на десничарскиот премиер Виктор Орбан.

Со добиен политички азил, Груевски во суштина е слободен човек, а неговиот статус во Унгарија го спречува Интерпол да издаде налог за апсење, кој Македонија го бара од 2019 година, вели Балкан инсајт.

Шансите на Скопје да го стави Груевски зад решетки се практично нула, вели Зоран Дранговски, шеф на македонското Здружение на млади правници.

Според новиот правилник донесен во 2015 година и потврден во 2017 година, „секоја потерница или црвена потерница што се однесува на бегалците ќе биде индивидуално оценета за одобрување од страна на генералниот секретаријат“.

„Интерпол нема да издаде налог за апсење ако го побара земјата од која избегал бегалецот, и ако бегалецот веќе е потврден од земјата каде што побарал засолниште“.

Во 2017 година генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека одредбите се смислени за да се спречи злоупотребата на Интерпол за решавање на политичките пресметки.

„Резолуцијата создаде рамнотежа помеѓу зајакнувањето на меѓународната полициска соработка и создавањето соодветни и ефикасни заштитни мерки за заштита на правата на бегалците“, рече тој.

 

Тој си бара куќа во Будимпешта?

Пред да ја почне двегодишната затворска казна, Груевски избега во ноември 2018 година, прво во Албанија, а потоа - со помош на унгарски дипломати - во Унгарија, каде што поднесе барање за азил, велејќи дека неговиот живот е под закана. Барањето му беше исполнето.

Поради тврдењето на Груевски дека е жртва на политичка местенка и планирана цел на атентат, Унгарија одби да го екстрадира во Македонија.

Цитирајќи ги новите обвиненија против него за упадот во парламентот во 2017 година, Македонија го повика Интерпол да издаде меѓународна потерница за негово апсење.

„По барање на Обвинителството против организиран криминал, Министерството за внатрешни работи во февруари 2019 година ги испрати сите релевантни податоци до седиштето на Интерпол во Лион, Франција“, изјави Министерството за внатрешни работи за БИРН. „Сепак, најновите информации што ги имаме велат дека Интерпол сè уште нема издадено налог за апсење“.

Во меѓувреме, Груевски во неколку наврати беше забележан од унгарските новинари во унгарскиот главен град Будимпешта, еднаш и пред агенција за недвижнини.

Сепак, не е јасно дали тој може да патува надвор од својата сегашна земја на престој, вели Балкан инсајт.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе