Апел

„Правда за штедачи“ до Заев: Доста молчите за криминалот во Еуростандард банката

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи" го повикува премиерот конечно да го прекрши молкот, негов и на неговата Влада, во врска со случајот Еуростандард банка.

По првиот круг на локалните избори, премиерот испрати писмо до членството на владејачката партија, а и ние со ова  наше соопштение би сакале да се надоврзиме на неговото писмо со наши гледишта и ставови, велат од „Правда за штедачи“.

„Би сакале да додадеме дека еве веќе 14 месеци имавте многубројни прилики да направите промени, почнувајќи од решавањето на случајот Еуростандард банка, за кој една поголема група граѓани ви се обрати и на Вам и на Вашата партија. Но, и покрај Вашите изјави за поддршка, одлучивте случајот комплетно да го игнорирате, небаре таа група на граѓани не постои и не е битна. Многупати бевте повикуван особено во периодот кога здружението се бореше на Уставниот суд против „експертите” кои се појавуваа секојдневно со изјави за да после се повлечат. Но и против некои членови на Владата како што е министерот за финансии Фатмир Бесими, кој во моментите пред носење на одлуката на Уставниот суд, преку еден медиум се обиде да ја исплаши јавноста преку давање изјава дека ќе се наруши финансиската стабилност во државата.

Дали Премиере со Вашата стратегија за молчење за КРИМИНАЛОТ истиот го поддржувате?

Сега е време за борба, за уважување на гласот на секого и за обединување. А, ние сме борци, ние сме отворени луѓе и отворена партија и знаеме и да слушаме, и да постапуваме, и да се менуваме. Тоа го имаме и докажано, и покажано преку бројни примери кога критиките и пораките од граѓаните сме ги прифаќале и сериозно сме ги ревидирале и подобрувале нашите чекори и политики.

Мора да признаеме декасе согласуваме со Вас кога говорите дека треба критиките и пораките од граѓаните да ги прифатите и да делувате по нив. Ние знаеме дека нашите пораки стигнуваат до Вас бидејќи во Вашето писмо до членството користите еден цитат од наше неодамнешно соопштение обајвено на нашиот Фејсбук профил.

Случајност или не, сепак ова ни влева надеж дека можеби сепак ќе одлучите конечно да го прекинете Вашиот молк и Вашето неделување по овој случај. Доколку се одлучите молкот и неделувањето да продолжи, тогаш на таа група граѓани ќе им го докажете токму тоа што во Вашето соопштение говорите односно ќе одлучите злото, или во нашиот случај КРИМИНАЛОТ, победи уште еднаш!

Велите дека треба да подадете рака на секој еден човек. Тука мора да Ве потсетиме дека во нашиот случај се работи за 780 луѓе, 780 фамилии, како и 2.000 правни лица зад коишто исто така стојат неколку илјади фамилии.

Едно ќе ви кажеме премиере, НАШАТА БОРБА ЌЕ ПРОДОЛЖИ. На Вас останува да одлучите дали, како што велите во Вашето писмо, ќе се придружите на добрите луѓе и преку активности ќе го спречите злото, или ќе одлучите преку неделување истото по втор пат да победи и со тоа да бидете дел од него“, се вели во апелот на здружението „Правда за штедачи“.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе