Пратеникот Зибери со ковид-19 хоспитализиран на Инфективна клиника, состојбата му се подобрува

Пратеникот на ДУИ и поранешен директор на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери, е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести откако заболел од ковид-19, потврдува неговото семејство.

По пишувањата во медиумите дека Зибери е хоспитализиран, на неговиот Фејсбук профил информацијата ја потврди неговата сопруга. Таа напиша дека по тестирањето за ковид-19 и влошувањето на здравствената состојба Зибери бил примен на Инфективната клиника.

„Од вчера неговата состојба е постабилна и се подобрува. Грижете се за себе и заштитете ги своите роднини“, пишува сопругата на Зибери.

Инаку, за здравствената состојба на Зибери се говореше уште на 30 август кога

беше донесен во Собранието да гласа за новата влада, според посебни здравствени протоколи, од посебна просторија.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе