Еден месец по инцидентот

Пратеникот Зекири бара кривична одговорност за колегата Адеми за инцидентот на свадбата во Мала Речица

Еден месец откако неговиот син заедно со уште едно дете беа ранети од огнено оружје на свадба во Мала Речица, пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми, негира дека тој пукал од пиштол. Веднаш потоа се јави родителот на второто дете повредено на свадбата и изјави дека Адеми бил тој што пукал на свадбата. Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ, коалициски партнер на ДУИ, вели дека „освен моралната одговорност, никој не смее да биде амнестиран ни од кривичната".

„Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас. Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб. Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет бидејќи мојот син седеше наспроти мене“, изјави вчера Џевад Адеми, еден месец по инцидентот на свадбата во Мала Речица. Тој вели дека бил сослушан од полицијата и бара брзо решавање на случајот.

„Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица“, изјави Адеми за Алсат М.

Во инцидентот во Мала Речица од куршум беа ранети А.Б. и Ф.А.

По изјавата на Адеми, таткото на момчето А.Б., исто така даде изјава за ТВ Алсат со тврдење сосема спротивно од она на пратеникот Адеми. Јусуф Биљали изјади дека на свадбата пукал токму пратеникот Џевад Адеми.

„Бев таму и ја видов целата ситуација. Џеват Адеми на таа забава пукаше со пиштол. До него седна негов роднина и тој пукаше со пиштол неколку пати. После неколку минути и двајцата пукаа со пиштоли. Несреќата се случи откако ги вкрстија пиштолите, синот на Џевад беше седнат пред него, а син ми дојде и седна пред мене. Во еден момент, тие разговараа меѓу себе со пиштолите во раце и пратеникот удри со пиштолот на маса. Видов дека го погоди својот син и како лекар станав од масата за да му помогнам. Бев на три чекори од нив, тргнав да помогнам и го слушнав мојот син како ми вели -  тато ме отепаа! Случајот е пријавен во полиција, дадов изјава, но ништо не беше преземено. Не беше повикан домаќинот на свадбата, не е притворен за да ја каже вистината што се случи на свадбата и што направија потоа”, изјави Јусуф Биљали, татко на едно од ранетите момчиња.

По ова, на својот фејсбук-профил се јави и пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири:

„Тоа што му се случи на колегата Џевад Адеми не дај Боже никого да го снајде. Но, независно од функцијата, ниту тој ниту кој било друг не смее да биде над законите. Шокиран сум од денешната изјава на родителот на еден од двајцата ранети во инцидентот од пред еден месец во Тетово, доктор Јусуф Биљали. Тој вели дека токму пратеникот Адеми бил еден од двајцата кои пукале на свадбата, при што беа ранети две момчиња, меѓу кои и неговиот син.

Освен моралната одговорност, никој не смее да биде амнестиран ни од кривичната!

П.С: Пред некој ден прочитав една вест, дека во Норвешка, ако не грешам, министер поднесе оставка само поради тоа што на одмор си го зел својот службен телефон“, напиша Зекири.

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе