Собрание

Пратеникот на ДОМ, Богдановски поднесе оставка, пак ќе биде главен инспектор во Град Скопје

Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски поднесе оставка од функцијата пратеник, а оставката треба да биде констатирана во Собранието.

Во изјава за МКД.мк Богдановски вели дека оставката ја поднесува од лични причини и се враќа на претходното работно место – главен инспектор во град Скопје.

Тој ги демантира неофицијалните информации дека поднел оставка бидејќи не се согласувал со политиката на Владата, но додава дека во ДОМ остануваат несогласувањата со водењето на партијата од страна на, како што вели, „лидерката“.

Оставката ја поднел вчера, но се уште не разговарал за тоа со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

Како што ни изјави Богдановски, уверен е дека ќе биде попотребен во градската инспекција и најави промени на терен во инспекциските служби, додавајќи дека има подобрување.

Инаку, Богдановски минатиот месец беше разрешен од функцијата потпретседател на ДОМ и продолжи да делува во рамките на коалицијата предводена од СДСМ. Освен Богдановски разрешена беше и тогашната потпретседателка Ана Петровска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина.

По констатирањето на оставката во Собранието, Државната изборна комисија треба да даде предлог за следниот пратеник од листата на коалицијата.

Ж.П.Б.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе